При стартувањето на Windows XP, во позадина се случуваат разни процеси на проверки и вчитување на системските фајлови и драјвери, нивните патеки, подесувањата, и сл. Но некои од нив можат да се заобиколат без никакви последици и да се намали времето потребно за стартување на оперативниот систем.
Следете ги чекорите:
Следете ги чекорите:
1. Отворете го notepad.exe, и внатре напишете "del c:\windows\prefetch\ntosboot-*.* /q" (без наводници), и снимете го документот како "ntosboot.bat" во C:\
2. Од Start менито изберете Run и напишете "gpedit.msc".
3. Под "Computer Configuration" кликнете двапати на "Windows Settings", и повторно двапати на "Shutdown" во десниот прозор.
4. Во прозорот new кликнете "add", "Browse", лоцирајте го вашиот "ntosboot.bat" фајл и кликнете на "Open".
5. Кликнете "OK", "Apply" и повторно "OK" за да излезете.
6. Од Start менито изберете Run и напишете "devmgmt.msc".
7. Кликнете двапати на "IDE ATA/ATAPI controllers"
8. Десен клик на "Primary IDE Channel" и изберете "Properties".
9. Изберете го табот "Advanced Settings", и најдете го Device уредот на кој можете да му ја менувате опцијата 'device type', и изберете 'none' наместо 'autodetection' и кликнете “OK”.
10. Десен клик на "Secondary IDE channel", изберете "Properties" и повторете ја постапката 9.
11. Рестартирајте го компјутерот.
Предупредување: внимателно проверете ги промените што ги вршите за да не дојде до несакани грешки и последици. Препорачливо е секогаш при вакви промени претходно да креирате Restore Point во System Restore со што ќе можете да го вратите системот во претходната состојба.
No comments:
Post a Comment