Tuesday, April 5, 2011

Како да ги исклучите несаканите сервиси и startup апликации во Windows XP

Доколку сакате да исклучите одредени сервиси (Automatic Updates, Security Center, Task Scheduler), или пак да исклучите одредени апликации да не се стартуваат со startup на системот, прочитајте подолу како можете да го сторите тоа.

1. Оневозможување на сервиси

Кликнете на START, па потоа на RUN, или притиснете го копчето на тастатура со Windows логото, заедно со копчето R (Winkey +R). Winkey се наоѓа помеѓу левото копче CTRL и ALT. Потоа внесете ја командата 



Одберете кои сервиси сакате да ги исклучите.
Постојат многу сервиси кои се активни во Windows, како на пример:
* ClipBook
* Automatic Updates
* Security Center
* Indexing Service
* Task Scheduler
* Windows CardSpace
* Windows Presentation Foundation Font Cache 3.0.0.0
Има и многу други, но останува на вас да одлучите кои од нив не ви се потребни и сакате да ги исклучите.

Забелешка: Доколку не знаете каква функција врши некој сервис, немојте да го прекинувате!

3. Стопирање на сервисите
Да речеме на пример дека сакате да го стопирате процесот "Automatic Updates". Кликнете двапати на него во листата на сервиси. За да прекинете овој сервис да се стартува повторно, одете на Startup Type и одберете Disable. Исто така можете овие сервиси да ги прекинете веднаш со клик на копчето Stop и потоа OK.  




Истава постапка повторете ја и за другите сервиси кои сакате да ги стопирате.

4. Startup апликации

Кликнете на START, па потоа на RUN, или притиснете го копчето на тастатура со Windows логото, заедно со копчето R (Winkey +R). Потоа внесете ја командата msconfing

Оваа команда ќе ви овозможи пристап до сите апликации и драјвери кои Windows ги вчитува при стартување. Исто така, овде можете да го конфигурирате Boot Loader Sessions (во случај да имате 2 или повеќе оперативни системи.)

5. Селектирајте кои апликации сакате да ги прекинете

Кликнете на Startup Tab-от, и почнете да ги деселектирате апликациите кои не сакате да се стартуваат заедно со Windows. Откако ќе го сторите тоа, кликнете OK



 6. Завршување со постапката
Откако ги извршивте потребните измени, на излез системот ќе ви ја прикаже следната порака: 


 Доколку сакате веднаш да го рестартирате системот за да бидат применети промените, кликнете на Restart. Доколку пак не сакате веднаш да го рестартирате системот, кликнете на Exit Without Restart.

No comments:

Post a Comment