Saturday, April 2, 2011

Бришење на Genuine надградбата за Windows

Корисниците на нелиценцирани копии на Windows XP,а се корисници на интернет, имаат голема можност на својот оперативен систем да ја инсталираат без свое знаење надградбата на Microsoft наменета за нотификација на корисничкиот Windows XP (WGA Notifications - Windows Genuine Advantage Notifications) позната како GENUINE.Оваа надградба при секое стартување на оперативниот систем ќе ве известува дека користите нелегална копија и воедно ќе ви нуди можност за лиценцирање кога вашиот Windows е покренат таа постојано е активна и се наоѓа долу во таскбарот каде што се наоѓаат активните икони чии процеси се покренати со самото
стартување на Windows.Genuine нема да можете да го отстраните преку класичните методи за отстранување на софтвер во Windows, а воедно не можете лесно да го избришете иако постојат повеќе методи за негово тргање.

1. Покренете го Task Manager и ќе видите покрај останатите процеси процес кој се вика wgatray.exe
- ако пробате да го сопрете овој процес со End Proces ќе видите дека тој автоматски пак се покренува
2. Рестартирајте го компјутерот и покренете го Windows во Safe Mode
3. Сега ако го покренете Task Manager ќе видите дека истиот процес не е покренат
4. Одете на следната локација c:\Windows\System32 и избришете го WgaTray.exe
5. Исто така WgaTray.exe избришете го и од c:\Windows\System32\dllcache
6. Стартувајте Start - Run - Regedit
7. Во регистри едиторот пронајдете ја локацијата: HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\Microsoft\Windows NT\CurrentVersion\Winlogon\Notify
8. На оваа локација избришете го фолдерот WgaLogon како и сите наслови со име WgaLogon
9. Рестартирајте го вашиот компјутер.

No comments:

Post a Comment