Најкористен формат на спуштените фајлови од интернетот на кој наидуваат луѓето е .ZIP форматот. Зиповањето е процес на пакување на група на фајлови во еден фајл или архива кој е наречен популарно zip (зип ) фајл. Најчесто, фајловите во зип фајлот се компресирани така што заземаат помал простор на тврдиот диск и потребно е помалку време за да се испратат преку интернет до друг корисник.
Откога зипованиот фајл ќе го спуштите на вашиот компјутер , мора да се одзипова ( декомпресира) со цел да можите да ги користите фајловите во него. Најкористена програма за тоа е WinZip. Доколку веќе имате WinZip на вашиот компјутер, двоен клик на икончето за да го активирате WinZip програмот.
Доколку сакате да проверите дали WinZip е веќе инсталиран на вашиот компјутер , еве како да го направите тоа :
Одете на Start>>All Programs. WinZip ќе биде во листата програми.
Доколку го немате , можете да спуштите демо функционална верзија тука :
http://www.winzip.com/ddchome.htm
За да одзиповате со програмот WinZip:
Забелешка : Кога спуштате zip фајл, преферирајте да го спуштите дирекно на вашиот desktop, со тоа фајловите ќе ви се лесно пристапни .
1. Двоен клик на спуштениот зип фајл за да стартувате WinZip.
2. Кликнете на Extract копчето во WinZip програмот.
3. Одберете локација за вашите фајлови
4. Откога фајловите ќе се одзиповаат тие се декомпресирани.
5. Кога работите со вакви фајлови , осигурајте се дека ги бришите тие што нема да ви требаат.
No comments:
Post a Comment